Милевски останува без фудбалерот на Сараево: Елези ќе паузира најмалку четири недели

131
фото: FK Sarajevo (Facebook)

Македонија ќе мора без Агон Елези во септемврискиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2026. Македонија ја очекува домашен меч со Лихтенштајн, но и еден пријателски натпревар со Саудиска Арабија во Прага, но фудбалерот на Сараево нема да може да му се стави на располагање на селекторот Милевски.

Како што објавија од сараевскиот медицински тим, по направената магнетна резонанца на рамото на Елези е констатирано дека нема да има потреба од хируршка интервенција, но периодот на рехабилитација ќе биде најмалку 4 до 5 недели.

Тоа значи дека Елези нема да биде во комбинација за септемвриските репрезентативни дуели.

ПретходноОфицијално: Адем и Ристевски се нови фудбалери на Македонија ЃП
СледноУниверзитетската карате репрезентација замина на Европската Универзијада