Ракометарите на Прилеп и Е. Пелистер 2 стартуваа со победи на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ кој од денеска се одржува во Прилеп. Домашниот тим во дербито на вечерта славеше над скопски Бутел со 33:28, а претходно победа обезбедија и ракометарите на вториот тим на Е. Пелистер против Пролет со 27:16.
Прилеп и екипата на Е. Пелистер 2 покажаа дека расположени влегоа во првите дуели на турнирот и дека ќе бидат во трка за место во финалните дуели.
За утре на вториот ден од турнирот ќе се одиграат следните средби:
18.00 Црвена Звезда – Е. Пелистер 2
20.00 Прилеп – Тиквеш