Во пресрет на вечерашниот меч од плеј – офот меѓу Шкендија и Лудогорец еве еден интересен податок.
Руи Мота (46) од Португалија е стратег на Лудогорец. Тој седна на клупата на бугарскиот шампион на 1 јули оваа година. Ова му е прва сезона како стратег на најдобриот клуб во Бугарија. Во Разград дојде од Ерменија, од тимот на Ноа. И кога ќе се знае овој податок тогаш се е јасно.
Руи Мота е сратегот кој лани успеа да ја победи Шкендија во два наврати со Ноа, и да ја елиминира во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Во Ерменија беше 2:0 за Ноа, а во Скопје 1:2 за гостите. Единствениот гол за тетовци беше дело на Клисман Цаке.
Одва значи дека Руи Мота и тоа како добро ја знае Шкендија и знае со каков квалитет располага нашиот тим, токму затоа беше внимателен на вчерашната прес конференција и со пофални зборови говореше за противникот.
Инаку мечот од плеј-офот меѓу Шкендија и Лудогорец започнува во 20 часот.