Шрудер: Во Германија никогаш нема да ме ценат како Дирк затоа што сум црнец!

96

Актуелната ѕвезда на германската кошаркарска репрезентација, Денис Шрудер изјави дека германските навивачи никогаш нема да го сакаат како што го почутуваат Дирк Новицки.

„Кога имав 14 години, седев пред телевизорот и го гледав Дирк Новицки како го носи знамето на Летните олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Си помислив: Тоа е толку кул, нема поголема чест. Голема чест е, но никогаш нема да бидам третиран на ист начин како Дирк. Никогаш нема да бидам сакан на ист начин во оваа земја затоа што сум црнец. Ќе ја освоиме шампионската титула. Да не бев сигурен во тоа, немаше да играм на Евробаскетот и би претпочитал да го минувам времето во Брауншвајг“, рече плејмејкерот на германската репрезентација.

ПретходноОриги дефинитивно заминува од Милан
СледноАлкалоид продолжи со победи на контролните натпревари