Досегашниот напаѓач на тимотн на Милан, Ноа Окафор од денеска и официјално е дел од екипата на Лидс во Премиер лигата.
Информациите се дека Милан за репрезентативецот на Швајцарија доби 20 милиони фунти, а тој пак потпиша договор кој што е со времетраење до 2029 година.
Лидс летовор направи речиси нова екипа, а Окафор е деветтото засилување за овој тим за следната сезона.
Окафор е дете на Базел, а играше и за Ред Бул Салзбург, и за Наполи како позајмен играч.