Он ашто вчера „СпортСпорт“ го најави, денеска доживеа и официјална промоција. повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Македонија ЃП се засилу со уште две нови имиња.
Во Ѓорче Петров дојде искусниот македонски фудбалер Кире Ристевски, долгогодишен репрезентативец на Македонија и интернационалец, како и Али Адем, кој во последните денови беше во тренинг процес кај ѓорчепетровци.
Ристевски минатата сезона ја помина во редовите на Струга ТЛ, а Адем беше дел од Шкупи, каде работите на почетокот на оваа сезона воопшто не функционираат.