Чаби Алонсо со ултиматум до ѕвездата на Реал Мадрид!

188
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Кралевите“ на стартот од сезоната потешко од оечкувањата успеаја да стигнатдо трите бода славејќи само со 1:0 против Осасуна, и тоа со голот на Килијан Мбапе од пенал.

По мечот поинтересно за јавноста беше тоа што Родриго не беше стартер. Влезе во игра подоцна, но не успеа ништо посебно да стори.

Токму затоа Чаби Алонсо и дефинитивно одлучил дека е време за разделба. Новиот стратег на “кралевите“, разговарал со Бразилецот, барем според медиумите во Шпанија и му напоменал дека на следниот меч со Овиедо ќе биде стартер и тоа ќе му биде последна шанса да докаже дека заслужува да остане, во спротивно може да си бара нова средина.

Инаку Родриго цело лето се поврзуваше со можен трансфер во Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем…

ПретходноБоксерот Еди Насуфи загина во сообраќајна несреќа
СледноОфицијално: Атанасов и понатаму е тренер на МЗТ Скопје Аеродром