Беќири задоволен: Ова беше одлична Шкендија, победивме со игра

122

Предводникот на Шкендија, Јетон Беќири, на прес-конференцијата по денешниот прв плеј-оф меч со Лудогорец во Лигата на Европа, потенцираше дека победата е заслужена, но бугарскиот првак се уште ја има фаворитската улога во двомечот.

„Видовме една убава Шкендија. Победивме со игра и тоа не беше случајност. Имавме пропусти во одбрана затоа што против нас имавме квалитетен противник. Секако, тие останувааат фаворити во овој двомеч. Мора да го дадеме максимумот на секој меч, само така ќе можеме да се надеваме и на реваншот. Ако одиграме според планот, можеме и до главната фаза на Лигата на Европа“, изјави Беќири.

ПретходноМота: Губевме топки, многу грешевме, Шкендија покажа дека е силен тим
СледноОхрид 2025: Е. Пелистер го совлада Вардар и зачекори кон финалето