Шкендија – Лудогорец 2:1 е исходот од вечерашниот прв меч во плеј – офот во Лигата на Европа.
Добра, квалитетна Шкендија вечерва на Арената во Скопје. Се надигруваше со силниот Лудогорец, покажа дека знае и може и на крајот успеа со пресврт да победи.
Па така со предност ќе патува на реваншот во Разград кој се игра следниот четврток.
Шампионот добро го започна вечерашниот меч. Добра поставеност на теренот, храброст и желба. Сепак првата закана ја упатија гостите преку Коуиар,но неговиот шут беше блокиран. Следувашесупер шансата на Љтифи во таа 8.минута. Чист зицер, ама гостинскиот голман ја скрати радоста на тетовци, штета.
Во таа 14.минута Дуарте шутираше над голот на Гаје, а една минута подоцна Љатифи во пад за малку ќе донесеше водство, но ништо. Во следниот напад и Цаке беше во шанса, но гол нема.
И кога не се користат шансите, казната стигнува на другата страна. Така беше и вечерва кога Дуарте со одмерен удар во 18.минута.
И Бесарт Ибраими се закани и тоа со петта, но голманот Падт имаше среќа.
СУПЕР ГОЛ НА ЉАТИФИ ЗА “ЕКСПЛОЗИЈА“ НА АРЕНАТА
И тогаш каква мајсторија на Лиридон Љатифи. Беше покажан слободен удар на околу 30 метри. Сите очекуваа да шутира Ибраими, но Љатифи со фантастичен шут постигна гол за најавни шпици, што се вели, за ерупција на Арената.Уф, каква мајсторија на напаѓачот на тетовци, ретко виден гол за 1:1 на семафорот.
Во последната минута од првиот дел и Зејнулаи и Маркус можеа да донесат водство на своите екипи, но на пауза се замина со тие 1:1.
Зејнулаи ја имаше и првата шанса во второто полувреме, но шутираше само во голманот на гостите.
КОНЕЧНО И БЕСАРТ “ТРЕСЕ“ ОВА ЛЕТО ВО ЕВРОПА
Еве конечно и Бесарт Ибраими ова лето во Европа, “тресе“. Се играше 60.минута по аситенција на Љатифи, Бесарт ја сместува топката во мрежата на Лудогорец. Следуваше две минути прегледување на ВАР,но сепак гол, гол за водство и пресврт за 2:1 за Шкендија.
Добра Шкендија, добра игра и водство против големиот фаворит. Во 66.минута гостинскиот тренер Руи Мота направи тројна измена. Се виде дека нешто не му оди на неговиот тим.
Затоа во 74.минута опасна контра на гостите, Текпетеи имаше голема шанса, но за среќа на тетовци шутираше за малку покрај голот.
Имаше и Шкендија супер шанса по слаломот на Ибраими, ама Алхасан за малку не погоди за 3:1. И Фетаи со глава нешто подоцна за малку ќе погодеше, штета.
Во самиот финиш Гаје на двапати спасуваше, уште еднаш покажа дека е екстра квалитетен голман.
Лига Европа – плеј-оф (прв меч)
ШКЕНДИЈА – ЛУДОГОРЕЦ 2:1 (1:1)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 7.500. Судија: Крис Каванах (АНГ). Стрелци: Љатифи 35., Ибраими 60. (ШКЕ), Дуарте 18.(ЛУД).
ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Алхасан (90. Мелиќи), Р. Рамадани, Тамба (90. Мурати), Зејнулаи (72. Красниќи), Љатифи (72. Крстевски), Ибраими (85. Ф. Рамадани).
ЛУДОГОРЕЦ: Падт, Сон, Нахимиас, Алмеида, Недјалков, Педро Нареси, Дуарте (66.Чочев), Станиќ (66. Калоч), Ерик Маркус (81.Иванов), Биле (72.Мачадо), Коуиар (66. Текпетеи).