Левски го пријави Серафимов за мечевите од плеј-офот во ЛК против АЗ Алкмар!

89
ФОТО: PFK Levski/FB

Никола Серафимов од пред неколку дена и официјално е нов член на Левски Софија. Македонскиот репрезентативен стопер со многу помпа и внимание беше презентиран од страна на бугарскиот гигант како нов член.Од таборот на Левски не кријат дека многу очекуваат од Македонецот па затоа и побрзаа да го пријават за настапите во Европа, поточно за плеј – офот во Лигата на Коференции.

Серафимов ќе биде во комбинација за вечерашниот меч во Софија, како и за реваншот следната недела во Холандија.

Да потсетиме дека Никола Серафимов во таборот на Левски Софија дојде од Фехервар (Унгарија) каде беше стандарден и играше квалитетно во дефанзивата. Токму тие настапи му овозможија да биде баран на трансфер – пазарот ова лето.

Во пресрет на вечерашниот меч со АЗ Алкмар, стратегот на Левски, Хулио Веласкез потврди дека Македонецот ќе биде во комбинација:

Левски вложи многу труд за да го обезбеди потписот на Никола Серафимов“.

ПретходноТерзиќ: Ц. Звезда е подобра од Пафос, ќе победиме во реваншот и ќе играме во ЛШ!
СледноИмане Келиф ја заврши својата боксерска кариера!