Васко Атанасов и натаму ќе биде тренер на екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Ова го потврди клубот преку својата официјална страница додавајќи дека младиот стратег добива нов договор и ја довербата од управата.
Тој ја презеде оваа функција во финишот на сезоната 2022/23, од кога оствари резултати кои го вбројуваат меѓу најуспешните стратези во историјата на клубот – три шампионски титули (2023, 2024, 2025), како и по два пати освоени Купот на Македонија (2024, 2025) и Суперкупот (2023, 2024).
Воедно, се потврдува дека дел од стручниот штаб ќе останат и помошниците Дејан Србиновски и Тино Даневски, како и Филип Босилков, кој ќе се грижи за кондициската подготвеност.