Вечерва од 21 часот дуел меѓу Пелистер и Вардар за ново ракометно уживање, и тоа во Охрид и тоа на турнирот “Крсте Андоновски“. Ова ќе биде прва сезонска пресметка на “вечните“ ривали, или прво “’Дерби на Македонија“ во ракомет во сезоната 2025/26.
Иако сеуште овие мечеви се подготвителни, може да се каже и пријателски, ама има ли пријателска кога играат овие два клуба посебно ако се знае како битолчани им ја “украдоа“ титулата на вардарци среде Скопје во “Јане Сандански“ пред неколку месеци.
По ремито со Тримо Требње, Пелистер мора да победи за да се надева на финале, додека Вардар веќе има победа против Динамо Панчево.
Денеска на турнирот играат и Партизан – Киндил (16:00 ч) и Динамо Панчево – Тримо Требње (18:45 Ч).