Полувреме: Уф, каква мајсторија на Љатифи! Шкендија – Лудогорец 1:1! (ВИДЕО)

216

Заврши првото полувреме од првиот меч од плеј – офот во Лигата на Европа меѓу Шкендија и Лудогорец кој се игра вечерва на Арената во Скопје, со резултат 1:1. Веднаш да кажеме дека Лиридон Љатифи со прекрасен шут од слободен удар од околу 30 метри постигна фантастичен гол за 1:1 во таа 35.минута. Инаку гостите од Бугарија со голот на Дуарте во 18.минута поведоа со 0:1. Сепак треба да се каже дека пред тој гол тетовци имаа две големи шанси, од кои онаа на Љатифи беше вистински зицер, но за жал не успеа.Потоа се закани и Цаке со убав шут, а тие промашувања во манир на голем клуб ги казни.

Секако дека после Љатифи се “извади“ за тоа промашување со мајсторијата во 35.минута.

По тој гол Шкендија заигра уште подобро и имаше уште две закани, една од таа беше на Зејнулаи кој за малку не стрелаше за 2:1.

ПретходноБосанците одбраа 12 кошаркари за Евробаскетот 2025
СледноОриги дефинитивно заминува од Милан