Реал е подготвен да го прати Родриго на позајмица во Тотенхем

30

Реал Мадрид е подготвен да му го позајми крилниот напаѓач Родриго на Тотенхем. Лондонскиот клуб има намера да преземе обврски да му ја исплати платата на играчот за периодот на неговата позајмица.

Според информациите, моментално прашање е дали договорот ќе вклучува клаузула за Тотенхем да го купи бразилскиот крилен напаѓач на крајот на позајмицата. Се нагласува дека Реал Мадрид е свесен дека е малку веројатно дека ќе има клуб подготвен да плати 100 милиони евра за Родриго, колку што е неговата вредност.

ПретходноОхрид 2025: Е. Пелистер го совлада Вардар и зачекори кон финалето