Стартни состави: Шкендија почнува со најдоброто што го има во моментов!

159

Јетон Беќири и Руи Мота ги објавија стартните состав за вечерашниот меч Шкендија – Лудогорец, прв од плеј – офот во Лигата на Европа кој почнува од 20 часот.

Стратегот на нашиот шампион не експериментираше премногу, им даде шанса на оние кои смета дека се најподготвени во овој момент. Јасно е дека го нема повредениот Фитон Адеми.

Ова се единаесеттмината на Шкендија:

Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Алхасан, Тамба, Зејнулаи, Љатифи, Ибраими.

Ова е стартниот состав на Лудогорец:

Падт, Сон, Нахимиас, Алмеида, Недјалков, Нареси, Д. Дуарте, Станиќ Маркус, Биле, Коуиар.

Мечот ќе го води Крис Каванах, еден од најдобрите судии во Англија.

ПретходноФФМ: Изречени казни и суспензии од дисциплинската комисија
СледноОфицијално: Адем и Ристевски се нови фудбалери на Македонија ЃП