ФФМ: Изречени казни и суспензии од дисциплинската комисија

161
ФОТО: FFM.MK

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска изрече неколку дисциплински мерки за фудбалерите од Првата македонската фудбалска лига.

Немања Здравковиќ – фудбалер на ФК Пелистер АД – доби забрана за настап на 2 натпревари. Даниел Мојсов – фудбалер на ФК Тиквеш АД – доби забрана за настап на 2 натпревари. Јосе Карлос – фудбалер на ФК Македонија ЃП – доби забрана за настап на 2 натпревари, исто како и Матија Мирков – тренер на ФК Вардар АД – забрана за водење на 2 натпревари. Никола Стојаноски – претставник на ФК Вардар – доби забрана за извршување функција на 1 натпревар.

Дисциплинската комисија поведе дисциплински постапки за ФК Тиквеш АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ), за ФК Вардар АД – поради користење на пиротехнички средства на натпреварот ФК Тиквеш – ФК Вардар (2. коло, Прва МФЛ), за ФК Шкендија АД – поради недолично и навредливо скандирање на навивачката група на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Шкендија (2. коло, Прва МФЛ) и за ФК Шкупи 1927 АД – поради неисполнување на неопходните услови утврдени во Правилникот за инфраструктура и стадиони на ФФМ, особено во делот на обезбедување на соодветен терен и пропратни објекти, исполнување на условите за имплементација на ВАР технологијата, неможност клубот да обезбеди терен за одигрување на натпреварот ФК Шкупи 1927 АД – ФК Силекс АД, закажан за 17.08.2025 во 17:00 часот.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Фуркан Идризи ќе им суди на Вардар и Брера
СледноСтартни состави: Шкендија почнува со најдоброто што го има во моментов!