„Марка“: Столе не сака повторно да биде измамен од Валенсија и Корберан

548

Иако тренерот на Валенсија негираше дека има проблем со нашиот Столе Димитриевски, голманот на нашата репрезентација не се откажува од идејата да си замине од „Местаља“.

Како што пишуваат шпанските медиуми денеска, Димитриевски уште еднаш јасно им ставил дознаење на првите луѓе на клубот дека сака да си замине. Нашиот голман потенцирал дека е разочаран од тоа што и оваа година не е прв избор за голманското место во Валенсија.

Димитриевски не сака и оваа сезона да загуби голем дел од средствата од договорот со „лилјаците“, поради тоа што ќе ја грее клупата како алтернатива за новодојдениот Хулен Агирезабала. Нашиот голман не крие дека е многу разочаран од клубот, бидејќи не му дозволи во последното коло од минатата сезона да настапи за да заработи доболнитени 300.000 евра за десет одиграни првенствени натпревари според договорот со клубот.

Ако не замине ова лето, Димитриевски ќе се соочи со истиот проблем и нова загубена сума на пари од договорот. Корберан не сака да одговори на прашањето дали Столе ќе го нашушти клубот, иако во медиумите се појавија информации за можна позајмица во Леванте.

ПретходноДеспотовски: Успехот е голем, но не чека сериозна работа за задржување на континуитетот
СледноГласнер: Езе веќе не е дел од Кристал Палас