Талески: Брера никако не смееме да ја потцениме

108

Денеска, петок, според новото функционирање на ПМФЛ шампионатот, стартува третото коло од овогодинешниот шампионат. На програмата се два дуела, а тоа се Труга ТЛ против Работнички од 17:00 часот, како и дуелот од вечераниот термин од 20:00 часот помеѓу екипите на Вардар односно Брера.

Вардар во првите две кола ја покажа силата, ги најави своите и онака не скирени амбиции за највисок пласман со две победи. Против Пелистер односно Тиквеш.

Сега, на ред е дуелот против Брера, тим кој што најавува тешка битка за опстанок во новата сезона, барем по она што се гледа досега.

„Не треба да го потцениме тимот на Брера. Тоа никако не смее да се случи, и покрај лошиот нивен старт. Ние одиме меч по меч. Добро одигравме во првите две кола, тоа не смее да не опушти. Мораме максимално да се фокусираме, да влеземе во мечот како што треба. Нормално дека само победа е опција, сакаме таа серија што подолго да трае. Нам со оглед на амбициите на тимот, а тоа се победи односно авотматски титули, секој меч ни е најважен и секој следен противник е оној за кој што се подготвуваме“ – изјави пред вечерашниот дуел со Брера, голманот на Вардар, Давор Талески.

 

ПретходноНавивачи на Сантос влегоа на тренинг по срамниот пораз од Васко Де Гама
СледноБрера посакува да „проработи“ против Вардар