Јагиелонија го сака Чурлинов назад, навивачите го скандираат неговото име (ВИДЕО)

345

Тимот на Јагиелонија синоќа на супериорен начин се справи со својот противник во рамките од плеј офој за пласман во Конференциската лига на свој терен. Го совлада тимот на Динамо Тирана со високи и убедливи 3:0.

Полскиот тим е веќе со едната нога во Конференциската лига, а за таму како засилување очигледно дека навивачите го посакуваат нашиот Дарко Чурлинов. Напаѓачот одработи една позајмица во клубот во изминатиот период, и очигледно остави супер впечаток, по што навивачите посакуваат тој повторно да се врати.

На вчерашниот дуел го скандираа неговото име, и објавија транспарент.

Дарко Чурлинов и натаму е под договор со тимот на Барнли, но таму никогаш не ја дови шансата за настап, туку беше испраќан на позајмици во Јагиелонија, Шалке….

Дали тоа повторно ќе се случи и летово, и дали токму Јагиелонија ќе биде повторно неговата дестинација останува да видиме.

ПретходноДуарте: Може да зборуваме што сакаме, но Шкендија беше тимот што беше подобар
СледноНавивачи на Сантос влегоа на тренинг по срамниот пораз од Васко Де Гама