Вардар и Брера одиграа 2:2 на Арената (ВИДЕО)

249

Екипата на Вардар не успеа да ја забележи третата победа во третото ПМФЛ овогодинешно коло откако вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје одигра 2:2 со тимот на Брера. Струмичани во Скопје дојдоа по поволен резултат и успеаа да дојдат до него. На два пати водеа и на крајот успеаа да стигна до првиот бод сезонава. Вардар пак ќе мора да се засоволи само со реми вечерва по двете победи против Пелистер односно Тиквеш во првите две кола

По само 15.минути игра, тимот на Брера успеа да стигне дом водство преку голот на Ндзенгуе, откако интернационалецот од Габон успеа да искористи еден кикс на одбраната на Вардар. Излезе сам пред Талески и убаво го лобуваше излезениот домашен голман.

Сепак, по само четири минути игра, Роџерс Мато, најдобриот играч на Вардар во моментов израмнува на 1:1, и ги враќа нештата за домаќинот како што треба.

Сепак, на полувреме Брера замина со водство. Зоран Ивановски го направи веројатно продорот на кариерата по таа негова десна страна, мина четириесетина метри и излезе сам пред Талески. Пласираше странично и погоди за 1:2.

Во вториот дел Вардар тотално доминираше, имаше огромен посед на топката. Создаде неколку ситуации, за да на крајот во 88. Минута по една интервенција на Вргов со глава надвор од шеснаесетникот, топката на четириесетина метри стигна до Мато, а овој мајсторски со прекрасен удар го погоди празниот гол на Брера.

 

ПретходноРома повторно во “игра“ за Елмас!
СледноПанче Стојанов: Иако во два наврати водевме, овие 2:2 се одличен резултат за нас!