Гласнер: Езе веќе не е дел од Кристал Палас

55
фото: AllroundArsenal (X)

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, го потврди заминувањето на Еберечи Езе од клубот и рече дека неговиот тим треба да го засили својот состав пред крајот на преодниот рок.

Ѕвездата на тимот ќе го носи дресот на Арсенал, а Гласнер го потврди тоа на пресот по вчерашниот меч во Конференциската лига на УЕФА.

„Ебс повеќе нема да игра за нас, па затоа нема смисла да се зборува за него. Готово е. Морам да ви се извинам на сите вас затоа што вчера не ја кажав вистината. Мислев дека ќе игра… Ми се јави и ми рече дека не се чувствува добро. Треба да го прашате зошто, можеби за неколку дена“, прецизирал стратегот.

Езе уште овој викенд би требало да го потпише договорот со „топчиите“.

Претходно„Марка“: Столе не сака повторно да биде измамен од Валенсија и Корберан
СледноУ16: Кадетките поразени од Бугарија