Дуарте: Може да зборуваме што сакаме, но Шкендија беше тимот што беше подобар

227

Македонскиот шампион, тимот на Шкендија, синоќа на Арената Тодор Проески во Скоје со 2:1, го совлада тимот на Лудогорец од Бугарија во рамките од плеј офот за пласман во Лигата на Европа.

Првакот на Македонија и покрај негативата уште од 17. минута од мечот, сепак, не само што се врати резултатски во игра преку евро голот на Љатифи, туку во вториот дел преку Бесарт Ибраими дојде до комплетен пресврт и конечна победа.

Бугарите утринава сеуште се во шок, затоа што очекуваа да ја оправдаат улогата на фаворит на овој меч и да победат во Скопје. Сепак, тоа што на хартија беа претставени како подобри, малку им значеше на теренот на Арената, па сега дома, во Разград ќе треба да се справат со оваа за нив ни малку лесна ситуација. Лидогорец имаше големи планови за сезонава но очигледно истите не се испилнуваат така лесно.

„Мислам дека по првиот гол не притискавме толку колку што требаше. Губевме многу топки, Шкендија направи многу контранапади врз нас. Ова им даде самодоверба и постигнаа два гола. Не, не мислам така, секогаш има тензија, денес не беше нешто посебно. Денес не бевме доволно добри. Многу ја губевме топката, тие добија самодоверба и имаат добри играчи“, категоричен е играчот од средниот ред. Не, не мислам така, се надевам дека не беше така. Не ги потценив. Можеме да најдеме многу изговори, но Шкендија беше поострата екипа и затоа загубивме“, отфрли тој секаква можност за нивно потценување. Во првото полувреме не требаше толку често да ја губиме топката, треба да бидеме агресивни. Имаме квалитет и со поддршка од публиката можеме да продолжиме напред“ – изјави по мечот, Дерој Дуарте, еден од најдобрите играчи на Лудогорец во моментов. 

 

ПретходноРеал е подготвен да го прати Родриго на позајмица во Тотенхем
СледноЈагиелонија го сака Чурлинов назад, навивачите го скандираат неговото име (ВИДЕО)