Лазаревски паузира три месеци

100

Пивотнемот на ракометниот клуб на Вардар, Милан Лазаревски поради операција на рамото ќе паузира три месеци. Ова го објави предмалку самиот клуб, додавајќи дека Лазаревски оперативниот зафат го направи во Загреб кај искусниот  д-р Никола Чичак.

Лазаревски е еден од најдобрите ракометари на Вардар во моментов и секако репрезентативец на Македонија, но очигледно дека повредата беше пресериозна, и операцијата неизбежна во овој момент, па „црвено – црните“ ќе мора без него да се снаоѓаат некаде до пред крајот на оваа година.

ПретходноПетар и Павле Атанасијевиќ во Е.Пелистер до јуни 2028 година
СледноН.Форест го доведе Даглас Луис на позајмица