Некогашен македонски репрезентативец стана соиграч на Нестор во Славен Белупо! (ФОТО)

101
ФОТО: NK Slaven Belupo/FB

Од денеска и официјално Леонард Жута (33) е нов член на Славен Белупо, клуб од елитната лига во Хрватска, а со тоа стана и соиграч на Илија Несторовски.

Клубот од Копривница попладнево го официјализираше овој трансфер на искусниот дефанзивец кој во Слаен Белупо дојде од редовите на Шибеник.

Инаку познато е дека некогаш Жута беше член и на нашата најдобра фудбалска репрезентација, за која собра 15 настапи.

Жута во својата кариера има играно за Хакен, Ријека, Коњаспор, Лече, Валеренга, Бромапојкарна и Шибеник.

May be an image of 3 people, people playing soccer and text

ПретходноПМФЛ: Триумф на Струга ТЛ за “три од три“, Работнички повторно без постигнат гол!
СледноШкендија нема да одложува домашни натпревари поради Европа!