Она што Пелистер го чекаше, тоа и го доби. Звучи невереојатно, но така е. Вардар, вечниот ривал на битолчани одигра за себе, ама одигра и за Пелистер вечерва во “Билјанини Извори“ и успеа да го победи Тримо Требње со 32:30, но со ова одигра и за битолчани на кои им помогна да се пласираат во финалето на ОХРИД 2025.
Со оваа победа Вардар се пласираше на второто место во групата, што му носи и меч за трето место на овој силен турнир “Крсте Андоновски“ во Охрид.
Во првата фаза од мечот тимот од Словенија одигра квалитетно и имаше и четири голови разлика во еден момент, а на пауза се замина со 16:15 за Тримо.
Сепак во второто полувреме четата на стратегот Иван Чупиќ заигра како што треба и на крајот сосема заслужено славеше победа. Иако Словенците на минута до крајот дојдоа до -1 гол, сепак Вардар успеа да постигне гол за конечни 32:30.