Ракометарите на ГРК Охрид и Пелистер ќе играат во финалето на турнирот “Крсто Андоновски“ или ОХРИД 2025. Имено вечерва во салата “Билјанини Извори“, домашните ракометари беа поразени од Нексе со 29:30, но и тоа им беше доволно да завршат како први во групата, ним секој резултат им одговараше само не пораз со поголема разлика од три гола. До тоа и дојдоа против Нексе и затоа ќе се борат за трофејот против Пелистер на овој силен меѓународен турнир.
Финалето се игра утре од 20 часот, додека за трето место битка ќе бијат Вардар и Нексе, меч кој почнува во 17:45 часот.