Панче Стојанов: Иако во два наврати водевме, овие 2:2 се одличен резултат за нас!

218

Брера го направи се чини првото големо изненадување во новата сезона, Вечерва во меч од 3.коло одигра 2:2 кај големиот фаворит, тимот на Вардар. Треба да се напомене дека гостите од Струмица имаа во два наврати водство, но сепак на крајот се задоволни и со бод.

Тренерот Панче Стојанов, по натреварот изјави:

Ако ја гледаме реално ситуацијата секако дека сме задоволни од овие 2:2. Ова е добар резултат за нас бидејќи ни требаше ваков резултат психолошки да се вратиме што се вели по двата порази. Покажавме дека оваа екипа многу повеќе од она што кажува табелата моментално. Ние сеуште сме во процес на создавање на екипата, имаме доста млади играчи на кои мора да им веруваме и се надевам дека ќе има подобри игри. Сакам да кажам дека одличен пречек имавме од Вардар, мислам дека се одлична екипа и затоа ова за нас е одличен резултат иако водевме во два наврати“ изјави стратегот на Брера.

ПретходноВардар и Брера одиграа 2:2 на Арената (ВИДЕО)
СледноХари Кејн тргна со хет-трик, Баерн Минхен го “распарчи“ Лајпциг!