ПМФЛ: Триумф на Струга ТЛ за “три од три“, Работнички повторно без постигнат гол!

125
ФОТО: FC Struga/FB

Заврши првиот меч од 3.коло во новата сезона во ПМФЛ меѓу Струга ТЛ и Работнички и тоа со победа на домашните од 2:0. Стрелци на головите беа Компаоре од пенал во 45.минута и Малески во 90+4.минута. Ова е трета победа во третиот меч за стружани, но не беше баш така лесно, ако се знае дека на 1:0, Хоџа во 80.минута ја погоди стативата на домашните.

Сепак заслужена победа на домашните, а Работнички и во третиот меч во новата сезона не успеа да постигне гол или 270 минути.

Уште на стартот Струга ТЛ го презема поседот, ја презема иницијативата, едноставно сакаше да покаже која е намерата на фаворитот на оваа средба. Сепак за првата шанса се чекаше дури до 21.минута кога Радески, по нафрлањето на Илиевски, убаво шутираше со глава, но само во рацете на голманот Василев. Во оваа фаза од средбата Компаоре им создаваше најголеми проблеми на гостинските играчи, и токму напаѓачот на домашните беше најзаслужен за водството од 1:0. Се играше 45.минута кога Велиќ го фаулира Компаоре во својот шеснаесетник, немаше дилеми дека тоа е казнет удар за Струга ТЛ.

И ВАР ја потврди исправната одлука на судијата Смоквоски. Самиот Компаоре ја презеде одговорноста и тоа беше 1:0 за домашните.

И во второто полувреме иста слика на теренот, иако имаше само мининално водство, сепак ги контролираше настаните на теренот. Притоа Жарју и Компаоре имаа шанси за 2:0.

А во 67.минута по киксот на домашниот голман Ангелети, Работнички постигна гол за 1:1, но сепак убаво се виде дека од раката на Николовски топката влезе во мрежата на Италијанецот, откако овој несмасно дегажираше во гостинскиот играч.

Ова беше добра поука за сите во Струга ТЛ. А Работнички и натаму останува без гол оваа сезона.

А во 72.минута оддесно, Илиевски со полуволеј удар за малку ќе го изненадеше гостинскиот голман Василев. По неколку минути Компаоре и Воша имаа супер шанси, но останаа тие 1:0 за Струга ТЛ.

Домашните премногу промашуваа во тие моменти.

И како е во фубалот, казната стигнува на другата страна. Се играше 81.минута кога гостите преку Хоџа имаа зицер, но овој шутираше во стативата, каква среќа за домашните, а и одбиената топка Кадриу не успеа да ја смести топката во мрежата на Струга ТЛ.

А во 88.минута влезе во игра Ѓорѓе Ивковиќ, големото засилување во нападот на стружани, со што овој фудбалер го имаше своето деби за Струга ТЛ, кој во 90+1.минута имаше супер шанса и за првиот гол за својот нов тим.

И да не заврши само со еден гол, се погрижи Малески во 90+4.минута за конечни 2:0. Имаше и ВАР проверка, ама голот беше признат.

ПретходноРеал Мадрид заинтересиран за младиот талент на Кристал Палас
СледноНекогашен македонски репрезентативец стана соиграч на Нестор во Славен Белупо! (ФОТО)