На вториот денешен дуел од третото коло од ПМФЛ шампионатот, тимот на Брера изненадувачки на полувреме води на Арената Тодор Проески во Скопје против Вардар со 1:2.
Гостите во 19 минута преку Нзенгуе искористија еден кикс на одбраната на Вардар и поведоа со 0:1 за да по само четири минути игра домашните преку Роџерс Мато да постигнат израмнувачки гол.
Сепак, Ивановски во 40. минута со еден прекрасен соло пробив по десната страна влезе осамен во шеснаесетникот на Талески и пласираше прецизно за 1:2.