Почнува неизвесна трка за шампионска титула во Втора МФЛ

211

Утре, од 17:00 часот, со натпреварите од 1. коло започнува новата сезона во Втора МФЛ. Предвидувањата се дека натпреварувачката сезона 2025/26  ќе биде една од најнеизвесните.  Веќе од следната сезона, Втора МФЛ ќе брои две екипи помалку, а променет е и системот на преселба во повисок и понизок ранг.

Оваа сезона само првакот влегува во елитното фудбалско друштво во Македонија.  Второ и третопласираните екипи ќе играат бараж за влез во Прва МФЛ. Лигата директно ја напуштаат четири последно пласирани тимови, а екипите од 9. до 11. место играат бараж за опстанок во Втора МФЛ со прваците од Третите лиги.

Се очекува дека штипска Брегалница е најголем фаворит за првото место, во кругот екипи кои ќе се борат за промоција во Прва МФЛ се Беласица, Скопје, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица, но и сите останати сигурно имаат амбиција за што е можно повисок пласман, но и да се избегне преселба во понизок ранг.

Сите натпревари ќе се емитуваат во директен пренос на YouTube платформата на ФФМ.

Распоред на натпревари, 1. коло, Втора МФЛ, 23. август, 17:00 часот:

Вардар Неготино – Тетекс

Брегалница 2008 – Кожуф

Новаци – Победа

Каменица САСА – Осогово

Преспа – Шкендија Арачиново 77

Охрид Лихнидос – Беласица

Скопје – Слога 1934

Големо Коњари – Детонит Плачковица

ПретходноЌерката на Јокиќ се сретна со Дончиќ: Дај си „петка“ (ВИДЕО)
СледноКАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА – ПАРТНЕР НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРЕАТИВЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ МАКЕДОКС