Работнички оди на „поправен испит“ во Струга

30

Два натпревари, еден бод. Недоволно за желбите и амбициите на Работнички, кој минатата сезона ја заврши на третата позиција и обезбеди излез во Европа. По ремито без голови во Кавадарци со Тиквеш, тимот на Бојан Маркоски беше непријатно изненаден од Башкими на Националната Арена „Тодор Проески“ каде забележа пораз од 0:2. Лекција што брзо мораа да ја научат фудбалерите на Работнички, затоа што во првиот меч од третата рунда во Прва МФЛ ги очекува ново големо искушение, гостувањето во Струга.

„Не бевме на потребното ниво против Башкими. Создадовме шанси, но не ги реализиравме, а противникот искористи два моменти на невнимание во нашата одбрана. Ги анализиравме грешките, ќе се обидеме да не ги повториме и се надеваме на многу подобар натпревар против Струга Трим Лум. Противникот е еден од најквалитетните тимови во лигата, но Работнички мора да го покаже својот потенцијал и квалитетот, што уверен сум дека го поседуваме, токму на вакви дуели. Одиме да се надигруваме и се надеваме на позитивен исход“, изјави Бојан Маркоски.

 

 

ПретходноКунде во Барса до 2030 година
СледноБојку: Би било убаво да имаме „три од три“ после Работнички