Хари Кејн тргна со хет-трик, Баерн Минхен го “распарчи“ Лајпциг!

28
ФОТО: FC Bayern Munich/FB

Вечерва стартуваше новата сезона во Бундеслигата и тоа почна со спектакл на „Алијанц Арената“ во Минхен. Баерн со 6:0 просто го прегази Лајпциг на задоволство на домашните фанови кои просто уживаа во играта на своите миленици.

Со ова баварците уште на стартот покажаа зошто се главни фаворити за освојување на нова титула. Тоа се гледа уште од првиот меч дека не се шегуваат.

Хари Кејн постигна три гола, Олисе стрелаше двапати а меѓу стрелците се запиша и Луис Диаз кој во два наврати му асистираше на Кејн.

Нема што, овој Баерн страшен, барем за Бундеслигата.

ПретходноПанче Стојанов: Иако во два наврати водевме, овие 2:2 се одличен резултат за нас!
СледноОХРИД 2025: ГРК Охрид загуби од Нексе, ама си закажа финале со Пелистер!