Челзи продаде уште еден играч: Веига во Виљареал

38
фото: Villarreal CF (X)

Челзи продаде уште еден фудбалер. Ренато Веига од денеска е нов играч на Виљареал. Челзи го објави перманентниот трансфер на 22-годишниот дефанзивец во клубот од Ла Лига.

Договорот на Португалецот со Виљареал ќе важи до јуни 2032 година.

Беше објавено дека Шпанците ќе им платат на „сините“ 29,5 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Договорот вклучува и значителен процент од следна продажбата на играчот.

Веига одигра 18 натпревари за лондончаните во првата половина од минатата сезона, откако дојде од Базел во јули 2024 година.

ПретходноУ16: Кадетките поразени од Бугарија
СледноСекулиќ ги одбра кошаркарите со кои Словенија патува на Евробаскетот 2025