На меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид синоќа, актуелниот првак тимот на Пелистер го совлада лутиот ривал Вардар со конечни 28:23. Дуелот мина во доминација на битолчани, кои одиграа добар меч. Вардар пак со новиот стратег Иван Чупиќ сеуште што се вели се осознава самиот себе како тим и ја бара идеалната формација, состав, тим…
„Честитки за Пелистер. Заслужена победа. Од стартот на мечот беше подобар противник. Ние имавме свои моменти. Задоволен сум од она како одрабптивме во одбраната и пет на еден и шест нула. По три недели тренинзи, задоволен. Имаме уште доста за работа, за поправка на нештата. Како комбинаторика, воигрување, тоа се нешта за кои треба време. Никогаш не е убаво да се загуби. Не чека долг пат. Дерби е ова, да, Пелистер – Вардар но од друга страна е само пријателски меч од кој секако ќе извлечеме поуки. Јас дојдов и затекнав екипа каква што затекнав, има и новитети, но реално за мене целата екипа е новитет. Кога си нов тренер, за тебе е нова екипата. Кога е така, мора да го потрошиш подготвителниот период за воигрување, за осознавање на екипата. Мора да им се даде шанса на сите. Сезоната е долга, не се знае што ќе се случува со повредите, и ако не пробаме варијанти на овие турнири и пријателски средби нема кога дру пат. Кога имаш дваесет нови играчи како јас во случајов, мора да пробаш и да му дадеш шанса на секого за да знаеш кој ракометар за која ситуација ти е потребен“ – изјави тренерот на Вардар, Иван Чупиќ по мечот.