Шкендија нема да одложува домашни натпревари поради Европа!

141

За разлика од некои други наши клубови кои во минатото ги одложуваа домашните обврски во ПМФЛ, Шкендија нема намера оваа есен, барем засега се такви размислувањата, да одложува домашни мечеви. Тоа не го стори ни сега, иако во недела има меч со Арсими во рамките на 3.коло во ПМФЛ а во четврток го игра реваншот во плеј – офот во ЛЕ во Разград кај Лудогорец. Инаку шампионот на Бугарија го одложи својот меч со Берое овој викенд во тамошната лига.

Тренерот на нашиот шампион Јетон Беќири истакна зошто Шкендија нема да бара одложување:

Искрено не сакам да се одложи наш натпревар од нашето првенство поради Европа. Со тоа би покажале непочитување кон играчите што ги имаме и би покажале непочитување кон нашиот шампионат кој ни е многу важен. Ние сме платени да играме и треба да играме кога ќе биде побарано од нас. А и ако одложуваме, некогаш тие мечеви сепак треба да се одиграат па ќе добиеме згуснат распоред. Каде ќе ги сместиме? Треба да се ги почитуваме сите натпреварувања треба да играме како што е распоредот“ посочи Беќири.

ПретходноНекогашен македонски репрезентативец стана соиграч на Нестор во Славен Белупо! (ФОТО)
СледноОХРИД 2025: Вардар го победи Тримо и го “лансираше“ вечниот ривал во финалето!