Тимот на Јагиелонија синоќа на супериорен начин се справи со својот противник во рамките од плеј офој за пласман во Конференциската лига на свој терен. Го совлада тимот на Динамо Тирана со високи и убедливи 3:0.
Полскиот тим е веќе со едната нога во Конференциската лига, а за таму како засилување очигледно дека навивачите го посакуваат нашиот Дарко Чурлинов. Напаѓачот одработи една позајмица во клубот во изминатиот период, и очигледно остави супер впечаток, по што навивачите посакуваат тој повторно да се врати.
На вчерашниот дуел го скандираа неговото име, и објавија транспарент.
Дарко Чурлинов и натаму е под договор со тимот на Барнли, но таму никогаш не ја дови шансата за настап, туку беше испраќан на позајмици во Јагиелонија, Шалке….
Дали тоа повторно ќе се случи и летово, и дали токму Јагиелонија ќе биде повторно неговата дестинација останува да видиме.
Darko Churlinov 🔙⁉️Kibice na TAK ✅ pic.twitter.com/PC6g0VW05a
— Polsat Sport (@polsatsport) August 21, 2025