Ракометарите на Алкалоид стигнаа и до шестата победа во исто толку подготвителни мечеви во пресрет на новата сезона. Четата на стратегот Кирил Лазаров славеше и против составот на Шкофја Лока и тоа со 31:24 и тоа без некои посебни проблеми.
Словенечкиот тим беше рамноправен до тие 6:6, за да потоа освојувачот на ЕХФ Купот направи серија од 4:0 и поведе со 10:6, за да до полувреме стигна и од предност од седум голови.
Во продолжение разликата беше 7-8 голови, за да на крајот Алкалоид победи со 31:24.
Лазаров на овој меч им даде минутажа на сите свои расположиви ракометари.
Последниот натпревар од овие подготовки за Алкалоид ќе биде финалето на 31.Меморијален турнир “Јоже Шилец“.