Со натпреварот меѓу Баерн (М) и Лајпциг, вечерва (20.30 ч.)почнува новата сезона 2025/26 во германската Бундеслига. Прашањето што ги преокупира навивачите и аналитичарите е: кој овој пат ќе го подигне шампионскиот трофеј?
Баерн Минхен, со 33 титули во својата историја, влегува во сезоната како бранител на титулата и апсолутен фаворит според обложувалниците. Иако сезона претходно доживеа неочекуван пад, завршувајќи на третото место, Баварците се вратија на тронот минатата сезона под водство на тренерот Винсент Компани. Обложувалниците му даваат на Баерн најниски коефициенти, проценувајќи ги нивните шанси за титула на околу 70%.
Баер Леверкузен го шокираше фудбалскиот свет во 2023/24, освојувајќи ја титулата без ниту еден пораз под водство на Чаби Алонсо. Оваа сезона, со дополнителни засилувања во нападот, тие остануваат кандидат за титулатата. Сепак, гледајќи ги промените во тимот, тешко е да се верува дека „фармацевтите“ можат да ја повторат шампионската сезона.
Петкратните шампиони Борусија Дортмунд, традиционално се вторите најголеми фаворити. По разочарувачката сезона 2024/25, во која завршија петти, време е за нов почеток. РБ Лајпциг, познат по својата конзистентност и млад состав, редовно завршува меѓу првите четири, а во трка за висок пласмен е и Штутгарт, изненадувањето во сезоната 2023/24.