Еден од најстандардните играчи во тимот на Барселона, Жилс Кунде и официјално го продолжи договорот со тимот од Ноу Камп до 2030 година. Финансиските делови од договорот секако не се познати, но непобитен факт е дека Кунде е еден од најплатените играчи во Барса во моментов.
Кунде беше еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик минатата сезона, имајќи 53 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и запишувајќи осум асистенции. До сега одигра 42 натпревари за француската репрезентација.
„Освојувањето на Лигата на шампионите не е опсесија, тоа е наша цел. Ние сме Барселона, имаме највисоки цели. Тоа не значи дека ако не победиме, тоа ќе биде неуспех. Ова е натпреварувањето кое генерира најголем ентузијазам, најважниот турнир. Сите сонуваме за победа“, рече Кунде.