Од денеска и официјално Леонард Жута (33) е нов член на Славен Белупо, клуб од елитната лига во Хрватска, а со тоа стана и соиграч на Илија Несторовски.
Клубот од Копривница попладнево го официјализираше овој трансфер на искусниот дефанзивец кој во Слаен Белупо дојде од редовите на Шибеник.
Инаку познато е дека некогаш Жута беше член и на нашата најдобра фудбалска репрезентација, за која собра 15 настапи.
Жута во својата кариера има играно за Хакен, Ријека, Коњаспор, Лече, Валеренга, Бромапојкарна и Шибеник.