ОХРИД 2025: Пелистер и Динамо Панчево одиграа без победник!

67

Македонскиот шампион, тимот на Пелистер одигра нерешено 24:24 против составот на Динамо Панчево во меч од 3.коло во групата на меморијалниот меѓународен турнир “Крсте Андоновски“ или ОХРИД 2025.

По вчерашниот триумф во вечното дерби против Вардар, денеска битолчани сепак не успеаја да дојдат до нова победа против гостите од Србија. Интересно Пелистер имаше водство од 24:23 на неколку секунди до крајот, но прими гол и со тоа не успеа да победи.

И на овој меч Пелистер настапи без неколку свои клучни играчи. Па така и заморот си го стори своето.

Сега за пласман во финалето на овој турнир ќе му треба Вардар да не биде поразен од Тримо Требње на следниот меч од денешната програма на ОХРИД 2025.

ПретходноПолувреме: Компаоре од пенал за водство на Струга ТЛ!
СледноРеал Мадрид заинтересиран за младиот талент на Кристал Палас