Предмалку тимот на Е.Пелистер и официјално објави дека е продолжена соработката си Петар и Павле Атанасијевиќ. Ракометарите потпишаа нови договори кои се со траење до јуни 2028 година.
Со овој потпис клубот јасно покажува дека од прогресот и скокот од Е. Пелистер 2 во Е. Пелистер, сака браќата Атанасијевиќ да ги задржи и во нивното целосно созревање, заокружувајќи една деценија во зелено-белиот дрес.
Петар и Павле Атанасијевиќ имаат по 22 години и веќе можат да се пофалат со три шампионски титули и два Суперкупа на Македонија, а зад себе имаат и по неколку големи натпреварувања во дресот на македонската репрезентација.