Струга ТЛ по првите 45.минути во првиот меч од 3.коло во ПМФЛ, има водство од 1:0 против Работнички. Стрелец беше Компаоре во 45+1.минута и тоа од пенал, откако претходно Велиќ стартуваше врз него за да нема дилеми дека тоа беше пенал. Самиот Компаоре успешно го реализираше.
Домашниот состав ја оправда улогата на фаворит и според играта и според шансите. Радески во два напрати можеше да погоди, а исто и Компаоре во два наврати се закани.
Работнички во тотална дефанзива.