Утре, од 17:00 часот, со натпреварите од 1. коло започнува новата сезона во Втора МФЛ. Предвидувањата се дека натпреварувачката сезона 2025/26 ќе биде една од најнеизвесните. Веќе од следната сезона, Втора МФЛ ќе брои две екипи помалку, а променет е и системот на преселба во повисок и понизок ранг.
Оваа сезона само првакот влегува во елитното фудбалско друштво во Македонија. Второ и третопласираните екипи ќе играат бараж за влез во Прва МФЛ. Лигата директно ја напуштаат четири последно пласирани тимови, а екипите од 9. до 11. место играат бараж за опстанок во Втора МФЛ со прваците од Третите лиги.
Се очекува дека штипска Брегалница е најголем фаворит за првото место, во кругот екипи кои ќе се борат за промоција во Прва МФЛ се Беласица, Скопје, Шкендија Арачиново и Детонит Плачковица, но и сите останати сигурно имаат амбиција за што е можно повисок пласман, но и да се избегне преселба во понизок ранг.
Сите натпревари ќе се емитуваат во директен пренос на YouTube платформата на ФФМ.
Распоред на натпревари, 1. коло, Втора МФЛ, 23. август, 17:00 часот:
Вардар Неготино – Тетекс
Брегалница 2008 – Кожуф
Новаци – Победа
Каменица САСА – Осогово
Преспа – Шкендија Арачиново 77
Охрид Лихнидос – Беласица
Скопје – Слога 1934
Големо Коњари – Детонит Плачковица