Рома повторно во “игра“ за Елмас!

84
фото: FutsHaber (X)

Иако прва опција за Рома беше Џејдон Санчо, се чини дека ништо од тоа, па раководството на клубот од Рим сега се врти кон Елиф Елмас.Ова вечерва го пренесуваат медиумите во Италија. Инаку Рома беше силно заинтересирана за Дијамантот пред извесно време, но тој интерес како да спласна, ама сега римјаните повторно се во „игра“ откако Наполи и Лајпциг никако не успеваат да се договорат.

Јасно е дека Елмас би сакал враќање под Везув, ама и Рим секако дека не е лоша опција за него.

Останува да се види како ќе се одвиваат настаните во последнте денови од овој летен преоден рок и каде Дијамантот ќе ја продолжи кариерата.

ПретходноПикси си оди, Станковиќ најголем фаворит за селектор на Србија?!
СледноВардар и Брера одиграа 2:2 на Арената (ВИДЕО)