Алкалоид го освои меморијалниот турнир во Словенија

113
фото: RK Alkaloid (Facebook)

Ракометарите на Алкалоид се шампиони на меморијалниот турнир „Јоже Шилц“ во Словенија. Во финалниот натпревар РК Алкалоид ја совлада екипата на РД Рико Рибница со резултат 35:32.

Ова беше седми и последен подготвителен натпревар за ракометарите на Алкалоид ова лето. Нашиот тим успеа да оствари победи на сите натпревари кои ги одигра. Во рамките на овој турнир Алкалоид оствари триумфи и против екипите на Шкофја Лока и Слован. Голманот на Алкалоид Иван Галевски е прогласен за најдобар голман на турнирот.

ПретходноБадијала сите нови засилувања, Атлетико повторно киксна во Примера
СледноОхрид 2025: Охриѓани триумфално во финалето против Е. Пелистер