Малер пред дербито со Ливерпул: Арсенал останува без Одегард и Сака

112

По вечерашната убедлива победа над Лидс Ј. со 5:0, менаџерот на Арсенал, Микаел Артета, остана загрижен поради повредите на двајца свои првотимци. Имено, Мартин Одегард го напушти мечот уште во првото полувреме поради повреда.

Капитенот на Арсенал го повреди рамото во 27-та минута, продолжи да игра, но во 38-та минута му отстапи место на Итан Нванери.

Во 51-вата минута, уште еден клучен играч на Арсенал, Букајо Сака, заработи повреда на тетивата и беше заменет од Леандро Тросард. Засега не е познато за каква тежина на повреди станува збор, но јасно е дека и обајцата ќе мора да паузираат извесно време. Овие повреди доаѓаат во лош момент, затоа што Арсенал во следното коло се среќава со Ливерпул.

ПретходноОхрид 2025: Охриѓани триумфално во финалето против Е. Пелистер
СледноКремонезе го шокираше Милан на Сан Сиро, Рома сигурна