Скандал во Романија: Вака се “мести“ на ждрепка! (ВИДЕО)

119

Фудбалскиот сојуз на Романија е на удар по бизарното извлекување за Купот, кое стана јавно по видеото што кружи на интернет. Во вторник се одржа извлекувањето за плејофот на Купот, кое предизвика големи контроверзии не само во земјата, туку и низ целиот свет, со бројни обвинувања за местење и корупција.

Проблемот се појави поради начинот на кој Габриел Бодеску, заменик-генералниот секретар на Романскиот фудбалски сојуз, се обиде да ги измеша топките (со имињата на клубовите) во многу мал и преполн сад. На крајот, тој не промеша ништо и отвори една од првите топки што ги зеде, однесувајќи се како да се обидува да го прикрие целиот процес. Претходно беше извлечено името на клубот Фарул Констанца, шестопласираниот тим од првата лига, а за противник ја добија Хунедоара, од второто ниво на натпреварувањето, при што само еден од нив ќе оди во финалната фаза од натпреварувањето. Натпреварот е закажан за 28 август. Како што се очекуваше, видеото брзо стана вирално низ целиот свет и предизвика голема контроверзност на социјалните мрежи.

ПретходноВМФЛ: Брегалница го пречекува Кожуф, Скопје игра дома против Слога Виница!
СледноСтоилов: Доста е порази, одиме на поволен резултат во Кратово