ОХРИД 2025: Вечерва се игра финалето! ГРК Охрид и Пелистер во битка за трофејот!

84
ФОТО: GRK Ohrid/FB

ГРК Охрид или Пелистер, кој ќе биде победник на годинашниот меѓународен меморијален турнир “Крсте Андоновски – ОХРИД 2025“.

Дали домниот состав, на кого ова ќе му биде втор трофеј за само неколку дена откако минатиот викенд ја освои Струга 2025, или пак Пелистер, актуелниот шампион на Македонија.

Финалето започнува во 20 часот а се игра во салата “Билјанини Извори“ во Охрид.

Претходно, од 17:45 часот, Вардар и Нексе се среќаваат во битката за третото место на овој престижен и екстра силен меѓународен турнир кој од година во година прераснува навистина во нешто големо.

Па така секако дека е престиж да се биде победник на еден ваков спектакл.

РАСПОРЕД НА ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ

11:00 – Киндил – Динамо Панчево (меч за 7.место)

13:00 – Партизан – Тримо Требње (меч за 5.место)

17:45 – Вардар – Нексе (меч за 3.место)

20:00 – ГРК Охрид – Пелистер (ФИНАЛЕ)

ПретходноСилекс со максимален респект оди по трите бода против Македонија ЃП
СледноДенеска стартува новата сезона во Серија А: Елмас во дресот на Наполи или Рома?!