Охрид 2025: Охриѓани триумфално во финалето против Е. Пелистер

98
фото: ГРК Охрид (Facebook)

Екипата на ГРК Охрид го совлада Е. Пелистер во финалниот натпревар од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со 31:26. Охриѓани покажаа дека не случајно ќе претендираат за највисок пласман во домашниот шампионат во новата сезона, откако победнички ова лето завршија два турнири, и овој на домашен терен и оној претходно во Струга.

Екипата на Е. Пелистер одигра добар меч, но никако не успеваше да се врати во битка за победа. Домашните во финалните 6-7 минути влегоа со висока предност од четири гола и на крајот успеаја да ја задржат до победа.

Најдобар поединец кај екипата на Охрид беше Дарко Ѓукиќ со шест погодоци, додека Манасков постигна седум во составот на битолчани.

ПретходноАлкалоид го освои меморијалниот турнир во Словенија
СледноМалер пред дербито со Ливерпул: Арсенал останува без Одегард и Сака